Прескокни до содржината
Урбано Гнездо

Здружение на млади Урбано Гнездо Кривогаштани

Урбано Гнездо е доброволно, непрофитно и непартиско здружение на млади од Кривогаштани. Го водиме Младински центар Кривогаштани и создаваме простор каде младите го кажуваат својот глас, учат нови вештини и учествуваат во одлуките за својата заедница.

Мисија

Да ги поттикнеме младите од општина Кривогаштани активно да учествуваат во животот на заедницата преку неформално образование, волонтерство, култура и граѓански иницијативи.

Визија

Кривогаштани како заедница во која младите остануваат, создаваат и одлучуваат.

Нашата приказна

Урбано Гнездо е здружение на млади од Кривогаштани што сакаат да направат нешто за своето место, наместо да чекаат промените да дојдат однадвор. Штркот на нашето лого е знак на Пелагонија, а гнездото е местото кон кое секогаш се враќаме.

На 21 септември 2024 беше свечено отворен Младински центар Кривогаштани, кој го водиме ние. На отворањето присуствуваа амбасадорката на Кралството Холандија, градоначалникот на општината, Pro Local и нашиот тим.

Во август 2025 за првпат го организиравме Урбано Лето, фестивал што ја спојува урбаната култура со руралниот дух: филмска ноќ под отворено небо во дворот на центарот и концерти. Во 2026 фестивалот се одржа втора година по ред.

Учествуваме и во Локалниот младински совет на Општина Кривогаштани.

Цели

  • Унапредување на демократските процеси и доброто владеење на локално, национално и меѓународно ниво
  • Граѓанско учество и младински активизам во креирањето на политиките
  • Неформално образование за млади и граѓани со помалку можности
  • Младинско вклучување и волонтерство
  • Транспарентност и отчетност на локалната самоуправа
  • Одржлив развој, заштита на животната средина и биодиверзитетот
  • Човекови права, владеење на правото и меѓуетничка соработка
  • Европеизација на македонското општество и членство во Европската Унија

Тим

  • Стеве Јанчески

    Претседател

  • Мартин Тренески

    Заменик-претседател, член на извршен одбор

  • Александра Јосифоска

    Член на Извршен одбор

  • Михаела Аџиоска

    Член на Извршен одбор

Партнери и поддржувачи

  • Општина Кривогаштани
  • Pro Local
  • Цивика мобилитас
  • Амбасада на Кралството Холандија
  • Швајцарска Амбасада
  • LEAD
  • Empowering Krushevo
  • Граѓанска актива ИКАРУС
  • Младинска Граѓанска Акција - Новаци