Соопштение
Урбано Гнездо доби нова веб-страна
На едно место: вести, проекти, настани, галерии и документи на здружението, на македонски и англиски.

Од денес сите информации за работата на Урбано Гнездо и Младински центар Кривогаштани се достапни на нашата нова веб-страна.
Тука ќе ги објавуваме вестите и повиците за млади, проектите, настаните што доаѓаат, фотографиите од активностите и документите на здружението.
Преку страницата Вклучи се можеш директно да се пријавиш како волонтер или член.