Прескокни до содржината
Урбано Гнездо

Фотографија: Даре Димоски

Проекти

Младински центар Кривогаштани

Нашето катче во старото училиште

Го водиме Младински центар во реновираното старо училиште: простор за дружба, учење, обуки, изложби и иницијативи.

ТековенОд септември 2024Го води Урбано Гнездо
  • 2024

    свечено отворен на 21 септември

  • 100+

    години стара зградата на старото училиште

  • 1100+

    следачи на Instagram

За проектот

Младински центар Кривогаштани е сместен во една од просториите на реновираното старо училиште, зграда стара повеќе од 100 години. Свечено е отворен на 21 септември 2024, а го води здружението Урбано Гнездо.

Што правиме во центарот

  • собири, дружби и заедничко планирање
  • обуки и неформално образование
  • изложби, трибини и филмски вечери
  • библиотека, која ја збогатуваме со акцијата „Прочитана? Подари ја!“
  • предлози и иницијативи до локалната самоуправа

Следи ги активностите на Instagram @urbano_gnezdo.krg.

Поддржано од:Општина Кривогаштани

Што се случува

  1. 21.09.2024

    Свечено отворање

    Центарот ги отвора вратите во реновираното старо училиште, зграда стара повеќе од 100 години.

  2. Август 2025

    Урбано Лето 2025

    Првото издание на фестивалот, со филмска ноќ во дворот на центарот и концерти.

  3. 14.12.2025

    Изложба „Мојата визија“

    Уметничка изложба на Светлана Гроздановска-Зуламоска, инспирирана од природата и месечината.

  4. Август 2026

    Урбано Лето 2026

    Втора година по ред, со концертна вечер на 30 август.

  5. Октомври 2026

    Неонското гнездо

    Штркот, дрвото и гнездото од нашето лого сега светат како неонски знак во центарот.

  6. Октомври 2026

    „Прочитана? Подари ја!“

    Собираме книги за да ја збогатиме библиотеката на центарот.

  7. 13.11.2026

    Трибина „Она за што жените молчат“

    Трибина за менталното здравје на жените и семејното насилство.

Галерија

Партнери и поддршка

Поврзани вести

Биди дел од Младински центар Кривогаштани