Обука
Тренинг „Личните вредности наспроти професионалните компетенции“
Еднодневен тренинг во Младински центар: кои сме како личности, а што знаеме и умееме професионално.

Кои сме ние како личности, а кои се нашите професионални способности? И дали секогаш ги разликуваме овие две нешта?
Во Младински центар во Кривогаштани се одржа еднодневниот тренинг „Личните вредности наспроти професионалните компетенции“. Преку интерактивни активности и дискусии, учесниците ги препознаваа своите лични вредности и ги идентификуваа своите професионални способности.
Вредностите го обликуваат начинот на кој пристапуваме кон светот, а компетенциите начинот на кој знаењето го претвораме во конкретни резултати.
Проекти: PELO